Политика на приватност

Сподели
07.05.2012

Дуна на Скопскиот маратон

Скопскиот маратон се одржа на 6 мај 2012, a Дуна беше официјален партнер на маратонот.


27.04.2012

Дуна официјален партнер на Скопскиот маратон

Дуна е официјален партнер на Скопскиот маратон оваа година


27.04.2012

Дуна вработува

Отворено работно место



« мај 2012 »
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Дуна Компјутери Политика на приватност

Основни одредби

Податоци, собирање и употреба

Дуна Компјутери се обврзува да ја почитува приватноста на своите корисници и посетители на веб страницата www.duna.mk. Дуна Компјутери може да обработува лични податоци за корисниците, а во насока на подобрување на содржините и функционалностите на страницата.

Пораки по е-пошта и коментари

Кога ја посетувате нашата веб страница и барате понуди за производи или услуги, или пак, оставате коментар, може да побараме да го оставите Вашето име, презиме, компанија, телефон, е-пошта и адреса. Собраните информации ги користиме за да одговориме соодветно на вашите индивидуални потреби и да ви обезбедиме ефективна услуга и поддршка. Ние ги преземаме сите потребни технички и организациски мерки за да не дојде до злоупотреба на Вашите лични податоци од страна на трети лица.

На сите Ваши пораки или прашања пристигнати по е-пошта ќе Ви одговориме на истата електронска адреса. Електронската адреса нема да се користи за ниту една друга цел цел и нема да ја споделиме со ниту една трета страна за цели надвор од примарната – одговор на Вашето барање.

Откривање на податоците

Дуна Компјутери го задржува правото на откривање на Вашите лични податоци во случаи кога тоа се бара по закон или е потребно во водењето на некоја судска постапка, за заштита на нашите бизнис интереси и интересите на нашите корисници.

Вработување во Дуна Компјутери

Информациите кои ги оставате кога сте заинтересирани за аплицирање за работно место во Дуна Компјутери, ќе се искористат за да се одредат способностите и вештините на кандидатитие. Податоците кои ги оставате при пополнување на апликацијата за работа, а истата ги содржи следниве лични податоци: име и презиме, е-пошта, адреса, телефонски број, претходно занимање и квалификации, CV и писмо на мотивации, ќе се користат исклучиво за целта за пријавување на работно место и истите ќе се избришат по остварување за целта за која биле обработени.
Новости по е-пошта
Ако се одлучите да добивате информации и новости, Вашата електронска адреса ќе се користи исклучиво за да се испратат новостите до Вас лично. Можноста за добивање новости е со двојна „опт-ин“ (Opt-in) опција. Вие можете во секое време да се „отпишете“ (Opt-out), при што во ваков случај Вашата електронска адреса ќе биде трајно отстранета од нашата база на податоци. Доколку не сакате да добивате вакви информации во иднина, вклучуваме детали на крајот од секој одговор испратен по е-пошта за начинот на кој можете да се одјавите.  

Екстерни бројачи на посети

Резултатите од бројачот Гугл аналитикс не се јавно достапни и се користат само за статистички анализи. Политиката за приватност на Гугл е достапна на веб-адресата www.google.com/privacy.html.

Заштита на личните податоци

Информациите кои ги обработуваме, се грижливо зачувани и не ги даваме на трети лица или компании. Ова ги исклучува нашите партнери кои ни помагаат во водењето на страницата и нашиот бизнис.

По барање на државни органи и во согласност со закон, можеме да предадеме дел или сите собрани информации.

Применетата политика за приватност објавена на оваа веб страница се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.07/05, 103/08 и 124/10). Во електронска форма, пречистениот текст на Законот може да се симне од веб-страницата на Дирекцијата за заштита на лични податоци на Република Македонија (www.dzlp.mk).

Ослободување од одговорност

Оваа политика за приватност се однесува само на информациите кои се објавени на нашата веб страница. Интернет страницата на Дуна Компјутери содржи и врски (линкови) до други страни. Ние не сме одговорни за содржините на страните до кои има врски, ниту пак за врските на страните до кои има линкови. Ние не сме одговарни за било каков пренос на податоци кој настанал со страницата до која има врска.

Промени во Политиката за приватност

Го задржуваме правото на промени на Политиката за приватност. Доколку извршиме одредени промени на Политика за заштита на приватноста, истите ќе ги објавиме на оваа веб страница.

Контакт

Доколку имате одредени прашања во однос на Политика на приватноста и собраните и обработените лични податоци од наша страна, може да ги доставите на следните контакт информации (со линк до делот за контакт):

бул. Октомвриска револуција бр. 18 лок. 2
1000 Скопје. Македонија

телефон. 02 / 3104 500
contact@duna.mk