Производи / Ricoh

Сподели

07.02.2012

Анкетен прашалник за Apple

Почитувани корисници на Apple производи, ве молиме да одговорите на анкетниот прашалник на Дуна.


26.01.2012

Apple со рекордни приходи и заработка

Apple ги објави финаниските резултати за првиот квартал од фискалната 2012 година. Компанијата оствари рекордни приходи од 46.33 милјарди долари и рекорден нето профит од 13.06 милјарди долари.



« февруари 2012 »
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29

Дуна Компјутери е единствен ексклузивен увозник, дистрибутер и сервисен центар за Ricoh за Македонија.

Ricoh е водечка компанија за решенија за управување со документи  и дигитално печатење. Ricoh во својата богата палета на производи нуди мултифункционални уреди, фотокопири, печатари, дупликатори и напредни софтверски решенија.

Совршеното еколошко решение на Дуна Компјутери и RICOH, нуди начин за подобрување на ефикасноста на работењето со намалување на трошоците, правилно користење на производите и совесно управување со бизнис процесите, контрола на квалитетот и типот на употребените материјали. Дуна Компјутери со квалитетните производи и решенија на RICOH, обезбедува одржливост на компаниите, заштита на природата и грижа за здравјето на планетата.

       
Ricoh брошура                       Product guide


Ricoh за врвен квалитет на услугите во ПроКредит Банка

ПроКредит Банка се вбројува меѓу најуспешените македонски банки, а веќе 7 година е докажана како лидер во обезбедување на одговорни банкарски услуги. Уште од самите почетоци во 2003 година, ПроКредит Банка размислуваше за производи со широка употребна вредност, кои ќе овозможат висока ефикасност при секојдневните операции и ќе обезбедат врвна услуга кон своите корисници.

ПроКредит Банка свој партнер препозна во Дуна Компјутери и истата година се склучи договор за наем и сервис на 57 мултифункциски производи Ricoh кои вклучуваат копир, печатар, скенер и факс. Техничкиот оддел на Дуна Компјутери секојдневно се грижи за непречено функционирање на уредите, превентивно одржување и обезбедување на потрошни материјали во сите експозитури и во централаната управа на банката.

Дуна Компјутери обезбедува извонредна вредност за ПроКредит Банка, преку својот проактивен пристап и високо-технолошки решенија, каде ја носиме заедничката визија за почиста околина и еколошки пристап во делувањето. Со користењето на Ricoh и нивните можности за скенирање и добивање факс на е-маил или фолдер, ја намалуваме потрошувачката на хартија, тонери и воопшто негативното влијание во околината.



Дел од корисниците на Ricoh производи:

 

  • ПроКредит Банка - Скопје
  • Т-Мобиле Македонија
  • Македонски Телеком АД
  • Министерство за финансии на Република Македонија
  • Собрание на Република Македонија
  • Стопанска Банка АД - Скопје
  • Стопанска Банка АД - Битола
  • Влада на Република Македонија
  • Управа на јавни приходи
  • Алкалоид
  • Универзитет на Југоисточна Европа Тетово
  • UNMIK PILAR IV Kosovо
  • Оне
  • Еуролинк - Скопје
  • Еуроконсулт - Скопје
  • Универзитет Св.Кирил и Методиј - Скопје
  • Британска Амбасада
  • Delegation of European Commission
  • ЈПАУ Александар Велики - Скопје
  • Бато и Дивајн
  • Еколог - Тетово
  • Државен Универзитет - Тетово