За Нас / Профил

Сподели

07.02.2012

Анкетен прашалник за Apple

Почитувани корисници на Apple производи, ве молиме да одговорите на анкетниот прашалник на Дуна.


26.01.2012

Apple со рекордни приходи и заработка

Apple ги објави финаниските резултати за првиот квартал од фискалната 2012 година. Компанијата оствари рекордни приходи од 46.33 милјарди долари и рекорден нето профит од 13.06 милјарди долари.



« февруари 2012 »
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29

За Нас Профил

Дуна Компјутери е водечка македонска IT компанија која што обезбедува целосни решенија за интеграција и одржување во компаниите, мобилни решенија и услуги за управување со документи. Во своето 17 годишно работење, Дуна Компјутери се разви во експерт за корпоративни проекти и е позната по своите софтверски решенија.

Дуна Компјутери е ексклузивен увозник на светски познатите брендови - Apple, RICOH, OKI, Psion, Clasus Interactive Whiteboards, Brahler ICS, Tentnology; дистрибутер за Garmin; HP preferred partner; Adobe и Corel партнер; производител на фискални каси Браво; и на ERP, CRM, Business Intelligence и Records Management софтверот ULTIMA®.

Основните активности на Дуна Компјутери од основањето до денес, се оформуваа и приспособуваа според барањата и потребите на корисниците, а се со цел да се создаде еден заокружен систем кој континуирано се надоградува. Полето на делување на Дуна Компјутери опфаќа: компјутерски инженеринг, развој на апликативен и специјализиран софтвер, развој на системи за автоматска идентификација и прибирање на податоци, продажба на компјутерски системи и компоненти, проектирање, изведба и одржување на компјутерски мрежи, дистрибуција на печатари, мултифункционални уреди, фотокопири, телефакси, продажба на навигациони уреди, обука, инсталација, сервисирање и поддршка на сите производи, производство, дистрибуција и одржување на фискална апаратура, изнајмување и дистрибуција на конференциски системи и системи за симултан превод.

Дуна Компјутери има два продажни салони за Apple во Скопје, сместени во Градски Трговски Центар и Рамстор. Претставништвото на компанијата се наоѓа на бул. Октомвриска револуција бр.18, на простор од 440m2, со посебен магацински простор од 200м2.

Дуна Компјутери во 2009 година го отвори Apple Regional Training Centar, прв центар за бесплатни обуки за Apple на Балканот.

Дуна Компјутери е членка за повеќе асоцијации и комори:

  • Стопанска комора на Македонија
  • Сојуз на стопански комори
  • AmCham