Најголемо признание за работата на Дуна Компјутери е задоволството на нашите корисници. За да бидеме сигурни дека нашите корисници ќе го добијат најдоброто решение, го вложуваме сето наше знаење, искуство и труд во изработка на Системот за квалитет.
Затоа Дуна Компјутери го издаде документот Прирачник за квалитет, а особено признание за нашите напори претставува добивањето на Сертификатот ISO 9001:2008.
Како награда за залагањата нашата компанија за зачувување на животната средина се здобивме со Сертификат ISO 14001:2004.
ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ
НАШИТЕ ЦЕЛИ
Основна цел на управата и вработените во Дуна Компјутери е континуиран развој кој ги следи најновите достигнувања во компјутерската и информатичката технологија, освојување на пазарот на сите нивоа и постојано зголемување на профитот, како гаранција за непрекинат растеж на претпријатието.
НАШИТЕ КОРИСНИЦИ
За нас сите наши корисниците се значајни, без разлика на нивната големина: владини или невладини институции, големи, средни, мали претпријатија, физички лица. Односот со корисниците кој се базира на доверба и грижа за нивните потреби, не завршува со чинот на продажбата. Напротив, тогаш почнува и трае за времетраењето на целиот животен век на производот, благодарение на нашата поддршка, развој, сервис и грижа, и тоа со еднаков квалитет на услугата.
НАШИТЕ ПАРТНЕРИ
За да се обезбеди комплетно задоволство на нашите Корисници, воспоставивме однос на партнерство. Сите ние сме Партнери:
- Корисниците со своите специфични барања и потреби;
- Управата и вработените во Дуна Компјутери со својата доверливост и чесност, својата стручност и посветеност на работата, својата подготвеност за непрекинат развој, обука, усовршување и почитување на Системот за квалитет и животна средина, а се со цел да се задоволат сегашните и идни барања на нашите Корисници и
- Добавувачите кои обезбедуваат производи со врвен квалитет и во чекор со најновите достигнувања во светот.
НАШАТА ЖИВОТНА И РАБОТНА СРЕДИНА
Односот кон животната средина претставува однос кон себе и кон својата иднина. Наша обврска е да обезбедиме рециклирање на отпадот и да ја намалиме потрошувачката на енергија.
ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА
„Нашата околина е драгоцена за нас; ние ќе ја почитуваме и штитиме“
Нашата Земја наша иднина
Резултатите на работењето не се само финансиските резултати, туку и синергија со нашата околина во која работиме. Дуна Компјутери се препознава како компанија која влијае на животната средина и наша цел е ова влијание да го намали. За да обезбедиме дека идните генерации ќе наследат чист зелен свет, ние активно се вклучивме во заштитата на животната средина и го промовираме еколошкиот пристап низ сите активности на Дуна Компјутери. Нашите клучни цели се:
- Да го зголемиме угледот на Дуна Компјутери како општествено одговорен работодавец
- Да го зголемиме чувството на вработените како општествено одговорни вработени
- Да ги промовираме нашите понуди на „зелена опрема, материјал и пакување“
- Да ја информираме јавноста за Политиката за заштита на природната средина
- Да ги информираме нашите корисници за Политиката на квалитет и заштита на природната средина на Дуна Компјутери
- Да ја намалиме потрошувачката на енергетски ресурси во деловните процеси
- Да земеме учество во иницијативите и активностите за подигнување на свеста и заштитата на околината во нашата непосредна околина
- Доследно применување на законските барања и обврска од областа на заштитата на животната средина
Офанзивен Еколошки Тим
Дуна Компјутери ја прифаќа одговорноста дека мора да се однесува како добро, општествено корисно, корпоративно друштво кое ќе ги остварува своите цели водејќи сметка за околината во која работи. Конкретно, за остварување на оваа изјава во реалност, во 2002 година формиравме Офанзивен Еколошки Тим (ОЕТ).
Улогата на ОЕТ се развиваше овие две години со поддршка на сите вработени на Дуна Компјутери, како и пријателите на фирмата. Наша мисија е да обезбедиме активна заштита на непосредната наша околина, да дадеме поддршка на општествено корисни активности и да помагаме локални спортски приредби. Оваа поддршка е финансиска, техничка или организациона, зависно од специфичните барања.
Нашите вработени
Дуна Компјутери има проактивна „политика за вработените“, која ги става вработените како приоритет број 1. Сите напори за заштита на средината во која живееме не можат да бидат успешни без разбирање и учество на сите вработени.
Дуна Компјутери ќе изградува и негува квалифицирани личности со:
- Обезбедување атрактивна и посакувана работна средина преку нашата вредност, општествена одговорност и успех
- Запознавање и целосно разбирање на нашата визија, мисија и вредности од страна на вработените
- Обезбедено разбирање на потребите на корисниците, нивните желби и очекувања
- Обезбедување средина во која вработените се стремат кон амбициозни цели
- Охрабрување и поддржување на напорите на вработените да ги развиваат вештините, знаењата и квалификациите
- Охрабрување на вработените да носат неопходни одлуки
- Обезбедување конкурентни пазарни услови за вреднување на трудот